
Нудиме низа услуги за да ги задоволиме вашите потреби
Физибилити студии
За секој проект подготвуваме детални и оптимални физибилити студии, со што секој наш клиент е сигурен дека го добива најисплатливото и најповолното решение.
Ги реализираме вашите планови преку барање на локации соодветни за изградба, проценување на недвижнини, сѐ до започнување на процедури за стекнување и купување на имотот.




Архитектонски дизајн
Нашиот пристап првично ја зема во предвид специфичноста на локацијата, внимателно проценувајќи ја со квантитативни и квалитативни анализи, градиме објекти кои се во хармонија со околината.
Водејќи се по најсовремените стандарди создаваме градби кои се длабоко вкоренети во традицијата, давајќи ни чувство на удобност и уникатност.




Внатрешен дизајн
Пристапуваме кон внатрешниот дизајн како кон уметност на живеењето.
Обликувањето и уживањето во внатрешниот простор е она што ѝ овозможува на една индивидуа да се чувствува сигурно и самоуверено во светот.




Градежен менаџмент
Од подготовка на техничка документација, стекнување на градежни дозволи и надзор на градежниот процес до раководење и одржување на градбата, обезбедуваме сигурна реализација на вашите п роекти.



