

Креираме места за живеење, учење и рекреација
Веларт е професионална градежнa компанија што им пристапува на своите проекти со веќе востановена стратегија на нашите простори.
Било да се работи за архитектонски, урбан или внатрешен дизајн, нашите клиенти знаат дека соработуваат со компанија со врвни плански, консултантски и градежни услуги.
Проекти
Со 18-годишно искуство и тим од динамични и посветени архитекти, ние се стремиме кон беспрекорност во реализацијата на нашата работа. Ние се гордееме со успешно реализирани 282 проекти направени по светски стандарди, препознатливи на домашниот пазар, па и пошироко.
Нашите проекти опфаќаат огромен дијапазон на градежни и архитектонски решенија: од канцеларии, станбени објекти, водоводи и болници до плоштади, спортски центри, паркови и пливачки базени.


Услуги
Нудиме широка палета на архитектонски, ентериерски и градежни услуги. При градењето секогаш се обрнува посебно внимание на животната средина, урбаниот и економски развој, како и квалитетот на живеење.
Без разлика на предизвикот, пристапуваме кон работата со сигурност, ефикасност и целосна посветеност.

Кои сме ние?
Посветени на уметноста на градењето
Преку детално планирање и вешто дизајнирање им ги овозможуваме најповолните архитектонски и градежни решенија на нашите клиенти.
2004
Година на основање
282
Завршени проекти
35
Деловни партнери
ВАСИЛ ВЕЛКОВ
Извршен директор, Velart Construction






